Свет
6. August 2015 - 11:58

САД и Русија се договорија за предлог-резолуцијата за хемиските напади во Сирија

САД и Русија постигнаа договор за предлог-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, која има за цел да ги идентификува лицата кои се одговорни за хемиските напади во Сирија и истите да бидат изведени пред суд.

СБ најверојатно утре ќе гласа за американската предлог-резолуција, со која се бара од генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун и од Светската организација за борба против хемиските оружја да состават екипа истражители, која ќе утврди кој е виновен за нападите со гас во Сирија, посочи неименуван дипломат.

Откако ќе бидат идентификувани виновниците за хемиски напади, 15-члениот СБ може да преземе дејствија.

Договорот меѓу Москва и Вашингтон бил постигнат на средбата во Малезија меѓу шефот на руската дипломатија и американскиот државен секретар, Сергеј Лавров и Џон Кери.