Свет
30. July 2015 - 8:33

САД и продаваат на Саудиска Арабија ракетен систем „Патриот“ за сума од 5,4 милијарди долари

Стејт департментот одобри продажба на ракетен систем Патриот на Саудиска Арабија за сума од 5,4 милијарди долари, соопшти Пентагон.

Испораката ќе ја направи американскиот концерн Локхид Мартин. Во соопштението од Пентагон се додава дека е одобрена и продажба на муниција за копнените сили на Саудиска Арабија во вредност од 500 милиони долари.