Свет
22. February 2017 - 10:56

САД и Кина подготвени да градат конструктивни односи

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и кинескиот државен советник Јанг Џиечи, кој има повисок ранг од министерот за надворешни работи на Кина, денеска во телефонски разговор го повторија значењето на конструктивните односи меѓу САД и Кина, соопшти Стејт департмент.

Во соопштението се посочува дека тие се согласиле оти е потребно да се обрне внимание на заканата, која ја претставува Северна Кореја.

Тилерсон и Јанг разговарале и за економската соработка и трговијата и потенцијалната соработка во борбата против тероризмот и владеењето на праваото.

Разговорот е најнов чекор на САД кон подобрување на билатералните односи со Кина, откако американскиот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата шеф на државата.