Македонија
9. November 2017 - 22:12

САД и Европската унија очекуваат Македонија сериозно да се фокусира на реализација на евроинтегративните реформи

САД и Европската унија очекуваат Македонија сериозно да се фокусира на реализација на евроинтегративните реформи. Само на таков начин земјава ќе се врати на вистинскиот пат и ќе ги убеди НАТО и Унијата да ги отворат вратите. Овој став го делат дипломатските претставници во земјава, а првиот чекор според нив е борбата против корупцијата и враќање на правдата.
 
По локалните избори, во фокусот на Владата е подобрување на односите со стратешките партнери на Македонија, посочи вицепремиерот Бујар Османи. Приоритет во оваа насока е и решавањето на спорот со Грција.
 
Во МНР денеска се одржа првата конференција на Националната Конвенција за Европската унија во Македонија, проект кој треба да придонесе за приближување на земјава кон стандардите неопходни за зачленување во ЕУ. Во рамки на конференцијата словачките експерти ги преносоа своите искустава на македонските партнери.