Свет
25. May 2017 - 21:57

САД го признаа убиството на 105 цивили при воздушниот напад во Мосул во март

САД денеска признаа дека убиле најмалку 105 ирачки цивили при воздушниот напад, кои го извршија пред два месеца во Мосул.

Американската Централна команда соопшти дека биле нападнати двајца снајперисти на џихадистичката група Исламска држава од „прецизно наведувано оружје“.

Во воздушниот напад сепак се детонирани експлозиви кои екстремистите ги чувале во зградата.

Цивилите кои се криеле на долните катови од зградата загинале при нејзиното уривање.