Свет
19. March 2016 - 8:11

САД го поздравија договорот ЕУ-Турција за мигрантска криза

Американскиот Стејт департмент доцна синоќа го поздрави договорот што го постигнаа ЕУ и Турција со со цел да се стави крај на мигрантската криза, оценувајќи дека тој претставува „значаен чекор“.   

- Ја поздравуваме формулацијата во договорот дека сите бегалци имаат право на заштита. Тоа јасно покажува дека договорот е во целосна согласност со законодавството на ЕУ и со меѓународното право, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Во текстот исто така се изразува и подготвеноста на САД да ги поддржат држваите кои се најмногу погодени од бегалскиот прилив. 

Европската унија и Турција вчера постигнаа договор за надминување на мигрантската криза, со кој треба да запре приливот на бегалци преку Егејското Море и од утре сите нови мигранти што ќе пристигнуваат во Грција од Турција ќе бидат враќани назад.