Свет
28. October 2017 - 10:29

САД ги подготвија првите обвиненија во истрагата за руската вмешаност во изборите

Американската федерална порота во Вашингтон, предводена од специјалниот обвинител Роберт Мјулер, ги одобри првите обвиненија во истрагата за наводна руска вмешаност во изборите во САД минатата година.

Обвиненијата по налог на федерален судија се чуваат во тајност.

Планирано е приведувањето на обвинетите да биде извршено в понеделник, објави Си-Ен-Ен.

Специјалниот обвинител Мјулер беше именуван во мај, откако претседателот на САД, Доналд Трамп ненадејно го смени шефот на ФБИ Џејмс Матис. Тој ги истражува активностите на Русија за време на предизборната кампања и се обидува да утврди дали има поврзаност меѓу предизборниот штаб на милијардерот и Москва. Освен Мјулер, истрага за случајот водат и три парламентарни комисии во Конгресот.