Свет
26. April 2017 - 9:46

Руското федерално обвинителство во странство пронашло над 60 милијарди рубљи, незаконски изнесени од земјата

Руското Генерално обвинителство открило над 60 милијарди рубљи (речиси една милијарда евра) во пари и имот, што незаконски биле изнесени во од земјата во странство. Штетите од корупцијата во самата Русија, меѓутоа, се уште поголеми - 78 милијарди рубљи., се наведува во годишниот извештај за законитост и правен поредок во Русија, што беше претставен во Советот на федерацијата од страна на генералниот обвинител Јуриј Чајка, пишува „Независимаја газета“.

На барање на руското обвинителство, блокирани се соодветни сомнителни сметки во странство, а имотите се запечатени, се посочува во документот.

Јуриј Чајка во извештајот поименично ги набројува криминалците, кои се побегнати од Русија со надеж дека ќе со сокријат ограбеното. Според извештајот, меѓутоа, овие нивни намери се почесто остануваат неисполнети.

Минатата година британското правосудство за првпат по доста време прифати три молби за депортирање во Русија, забележува обвинителството. Истовремено, тоа соопшти дека со меѓународна потерница побарало  60 отсто повеќе лица за апсење преку Интерпол.

Во 2016 година во Русија се регистрирани 32 924 корупциски кривични дела или за 1,4 отсто повеќе од предходната година. Се зголемуваат и и случаите на откриени кривични дела од сферата на тероризмот и на организации забранети во земјата. Како екстремистички веќе се прогласени 57 организации, како терористички 26, а во моментов има седум странски невладини здруженија, што се прогласени за непосакувани од страна на официјална Москва, покажуваат податоците на обвинителството.