Свет
12. October 2016 - 23:37

Руско МНР: Кери, Лавров и регионалните сили в сабота ќе разговараат за Сирија

Русија, САД и клучните регионални сили овој викенд ќе разговараат за Сирија, што ќе биде прва средба во врска со сириските судири откако Вашингтон ги замрзна билатералните преговори за примирје, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери се согласиле да разговараат за „создавање услови за решавање на сириската криза“ в сабота во Лозана, заедно со високи дипломати од „клучните земји во регионот“, се наведува во соопштението.