Македонија
15. May 2017 - 15:14

Руско-македонскиот филм „Хармс“ селектиран за фестивалот во Шангај

Филмoт „Хармс“ во режија на Иван Болотников, копродукција на „Пролајн филм“ од Санкт Петербург и Мануфактура продукција од Скопје, е селектиран во главната натпреварувачка конкуренција на интернационалниот филмски фестивал во Шангај.

- Овој фестивал е од А категорија и е еден од шесте најзначајни во светот, како и најголем фестивал во источна Азија, заедно со Токискиот филмски фестивал. Во изработката на филмот учествуваа повеќе филмски работници од Македонија. Посебно значајна е улогата на копродуцентот Сашо Павловски, како и  композиторот Сони Петровски, кој ја компонираше целата музика за овој филм. Ова е прва официјална копродукција помеѓу Македонија и Русија, со  учество на Литванија како втор копродуцент, соопшти Мануфактура продукција. 

Руската „Пролајн филм“ е најпозната како продукција која го произведе 
култниот филм „Фауст“ на Александр Сокуров, кој во 2011 година  освои Златен лав на филмскиот фестивал во Венеција.