Руските напади во Сирија се поретко се насочени кон ИД
Руските бомбардирања во Сирија се поретко се насочени кон Исламската држава (ИД), покажуваат анализите на „ИХС“, според кои Русија не е загрижена толку за тероризмот колку за помошта на сирискиот режим.
Во првото тромесечје на 2016 година, 26 проценти од руските бомбардирања биле насочени кон ИД, во второто тромесечје се намалиле на 22 проценти, а во третото на 17 проценти, посочува оделот на „ИХС“ за проучување на конфликтите во Ирак и Сирија.
- Претходно, претседателот Владимир Путин изјави дека мисијата на Русија е да се бори со меѓународниот тероризам и посебно со ИД, напомена Алекс Кокчаров, анализатор од „ИХС“.
- Податоците ни покажуваат дека не е така. Приоритет за Русија е да обезбеди воена помош за Владата на Асад и цели да ја претвори граѓанската војна во Сирија, од повеќестран во двостран конфликт меѓу сириската Влада и ИД, забележа Кокчаров.
- Тоа ја ослабнува можноста да се обезбеди меѓународна помош за опозицијата, истакна експертот.
„ИХС“ истоврено објави дека територијата која е под контрола на ИД се намалила за 16 отсто.
Ново на Сител
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа