Фудбал
13. July 2015 - 8:16

Рускиот Суперкуп за Зенит

Фудбалерите на Зенит се победници на рускиот Суперкуп откако по подобро изведување на пенали ја совладаа Локомотива Москва со 4-2. 
Во регуларниот дел резултатот гласеше 1-1. Локомотива поведе со голот на Омарк Ниасе во 28м а израмни Смолников во 83м. Во продолжението немаше голови па се изведуваа пенали. Во редовите на Локомотива промашија Григорјев и Хрватот Ведран Ќорлука.