Рускиот претседател Владимир Путин пристигнува во посета на Турција
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Турција, кадешто ќе учествува на 23. Светски енергетски конгрес во Истанбул, пренесува БТА.
Предвидена е и средба на рускиот претседател со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, на која тие ќе разговараат за руско-турските односи, регионални и меѓународни проблеми. Предвидено е и потпишување на билатерални документи, соопшти Кремљ.
Путин ќе учествува и на состанокот на мешовитата руско-турска комисија за економска соработка.
Посетата на рускиот претседателдоаѓа по деветмесечна криза во односите меѓу Москва и Анкара поради соборениот од турските вооружени сили руски борбен во ноември минатата година. Во август Путин и Ердоган, кој се извини за соборувањето на авионот, го стопија мраз и ја обновија билатералната соработка.
За Турција, посетата на Владимир Путин е особено важна од гледна точка на тоа што се очекува да биде потпишан договорот за проектот Турски поток, кој ќе и помогне на Турција да стане гасен дистрибутивен центар на Балканот, како и за интензивирање на билатералните односи, забележуваат аналитичарите.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак