Балкан
27. May 2016 - 13:01

Рускиот патријарх пристигна во Грција

Патријархот московски и на цела Русија Кирил денеска пристигна во Солун од каде замина за Света Гора.

Рускиот патријарх на солунскиот аеродром беше пречекан од грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Јанис Аманатидис и заменик-министерот за внатрешни работи Марија Колиа-Царуха со кои имаше куса средба пред заминувањето за Уранополис и монашката заедница на Света Гора.

Патријархот Московски и на цела Русија во недела ќе го посети Солун и ќе присуствува на литургија во катедралата Свети Григориј Палама.