Рускиот министер Шојгу: Операцијата во Сирија се ближи кон крајот
Операцијата во Сирија се ближи кон крајот и затоа неколку прашања за идниот развој на земјата бараат итно решение. Ова денеска го изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на средбата со израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман во Тел Авив.
Шојгу истакна дека освен воената и воено техничката соработка меѓу Русија и Израел како „главно и основно прашање", на состанокот ќе биде борбата против тероризмот и ситуацијата на Блискиот Исток. Рускиот министер му се заблагодари на својот израелски колега за негово лично учество на Шестата московска конференција за меѓународна безбедност во април оваа година и изрази надеж дека Либерман, исто така, ќе ја прифати поканата за следната конференција во април наредната година.
Авигдор Либерман рече дека Израел ги цени односите со Русија поради „искрениот и отворен дијалог". Тој изрази уверување дека на овој начин сите проблеми би можеле да се решат.
- За нас лекциите од Втората светска војна се многу важни. Ние го цениме вашето однос кон сите кои војувале и загинале за време на Втората светска војна, рече израелскиот министер, кој е роден во Советскиот Сојуз.
Ново на Сител
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето