Свет
13. December 2017 - 17:25

Руски војник му го попречи патот: Асад тргна заедно со Путин, но не стигна далеку

Сирискиот претседател Башар ал-Асад во својата земја мораше да се придржува кон барањето на рускиот војник за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин.

Кога рускиот лидер тргна во смотра на руските војници, кои се наоѓаат во Сирија, Асад тргна по него, но не стаса далеку.

Еден од руските војници кои го опкружуваа му го попречи патот со раката и му даде до знаење дека не може да „оди“ заедно со Путин.

Асад ова го прифати, додека Путин продолжил да оди кон своите војници.