Свет
19. April 2017 - 8:50

Руски товарен брод со 12 патници потона во Црното Море

Руски товарен брод со 12-член екипаж потона денеска во Црното Море, соопшти регионалната канцеларија на Министерството за вонредни состојби во автономната Република Крим.

Бродот „Герон Арсенал“, кој пловел под панамско знаме превезувал жито од Азов за Турција.

Екипажот се состоел од 12 лица, деветмина Украинци, двајца Руси и еден Грузиец. 

Во тек е спасувачка операција. Еден од членовите на екипажот бил пронајден и качен на бродот, а неговата состојба е оценета како добра.

Други четворица морнари се локализирани во морето со појаси за спасување.

Товарниот брод потонал за време на бура, во која брзината на ветерот била над 70 километри на час.