Македонија
30. March 2017 - 18:27

Руски стратешки бомбардери учествуваа во воени вежби во Таџикистан

Четиридневни заеднички таџикистанско-руски воени вежби завршија денеска во Таџикистан, на кои учествуваа руски стратешки бомбардери, соопшти руското Министерство за одбрана.

За време на маневрите бомбардерите „Ту-90“ и „Ту22-М3“ извршија напади врз „терористички кампови“ во планините. Во вежбите учествувале и авиони-ловци и хеликоптери.

Таџикистан, кој граничи со Авганистан, и дозволил на Русија отворање на воена база и очекува руска економска помош. Ова се првите заеднички воени вежби со учество на стратешки бомбардери, што е сигнал за загриженоста на Русија од ширење на нестабилноста од Авганистан.