Свет
18. April 2016 - 15:19

Руски измамници годишно од германскиот фонд за здравство крадат една милијарда евра

Најмалку една милијарда евра годишно нелегално се одлеваат од германскиот федерален фонд за здравство во џебовите на руски измамници во Германија. Пратеникот Стефан Мајер вели дека се работи за „организиран криминал на високо ниво“ а федералната криминалистичка полиција знае за феноменот со лажни сметки издадени од здравствени установи од поранешниот Советски сојуз.

Според истражувањето на неколку германски медиуми измамата се случува со помош на рускиот персонал во здравствените установи. Во Германија поради недостигот на домашен медицински кадар се вработени голем број на странски пред се руски медицински лица.

Најчесто измамите се случуваат при посети на пациенти во нивните домови, при што здравствените установи наплатуваат за скапи услуги кои што не се случиле или се пишуваат сметки според кои во домашна посета оделе лекари спицијалисти, а всушност работата ја завршиле болничари или медицински сестри.

Според истражувањето, во многу случаи примателите на здравствени услуги се свесни за измамата но се согласуваат да не ја пријават за што добиваат дел од профитот на давателите на услуги.

Единствениот начин да се запре овој црн бизнис вреден најмалку една милијарда е да се зголемат контролите кои што сега се многу ретки, смета федералната Криминалистичка полиција за која криминалот со руските здравствени домашни посети е дел од организираниот криминал во Русија и Евроазија.