Свет
5. November 2015 - 18:29

Руски истражители испитуваат дали патничкиот авион бил мета на терористички напад

Директорот на „Росавијација“ Александар Нерадко денеска изјави дека истражителите кои ги испитуваат можните причини за падот на авионот над Египет бараат траги од експлозив во остатоците од леталото.

Тој апелираше и за повнимателно објавување на шпекулациите за евентуалните причини на несреќата.

И Русија и Египет денеска ги демантираа сугестиите на Велика Британија и на САД дека авионот се урнал поради поставена бомба.

Рускиот Ербас А-321 кој во саботата полета од Шарм ел Шејк за Санкт Петербург се урна над Синајски Полуостров, при што загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.