Руски државјанин осуден на смрт во Ирак поради членство во ИД
Централниот кривичен суд во Багдад осуди државјанин на Русија на смрт со бесење поради членство на групата Исламска држава (ИД).
Во соопштението од Судот се наведува дека рускиот државјанин е уапсен кога ирачките сили потиснале исламска група од западниот дел на Мосул, за време на првата фаза од операцијата на преземање на вториот по големина град во Ирак од ИД.
Оваа операција беше покрената во октомври минатата година, а заврши во јули.
Како што се наведува во соопштението, рускиот државјанин, кому му е судено според ирачкиот закон за борба против тероризмот, признал дека „изведувал терористички операции“ против ирачките безбедносни сили од 2015 година.
Минатата година во Ирак се егзекутирани повеќе од 88 лица, а Хјуман рајтс воч го критикуваше честото изрекување смртни казни во земјата.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море