Свет
7. April 2017 - 11:07

Руската телевизија прикажа инсерти од американскиот напад врз сириска ВВ база

Руската државна телевизија Русија-24 покажа инсерти од базата на сириските ВВС по нападот извршен денеска со американски крстосувачки ракети.

Телевизијата соопшти дека во ракетните напади се уништени девет авиони, но главната писта не е оштетена. На снимките се гледаат кратери од експлозии и разурнати објекти, но пистата е неоштетена.

Не е јасно дали е снимена целата база или дел од неа, јавуваат западни медиуми за наводите на телевизијата.

Педесет и девет ракети Томахавк се испукани синоќа од два воени брода на армијата на САД врз сириски воен аеродром и други цели, соопшти Пентагон.