Бизнис
9. November 2017 - 20:23

Руската компанија Продис ќе плаќа пенали кон државата за непочитување на договорот

Руската компанија Продис ќе  и плаќа пенали на државата заради непочитување на договор, дознава Сител од свои извори. Постапката за наплаќање на казната е веќе почната од страна на Агенцијата за странски инветсиции. Од таму велат дека инвеститорот не го испочитувал договорот за одржување на просечен годишен минимум на работни позиции за две календарски години и за истото е иницирана постапка за активирање на договорни пенали.

Претходно, со странкиот инветситор се водел и судски спор затоа што не бил испочитуван договорот кој предвидувал колку работници треба да се врабтат во  компанијата. Руската фирма за ова платила пенали, но во тоа не е единствена и други компании од зоните плаќале казни кога го намалувале бројот на работници, велат за Сител добро информирани извори.

Руската компанија Продис со работа почна пред точно 5 години. Во фабриката која ја изгрдаија во зоната во Бунарџик произведуваа хомеопатски лекови, органски и неоргански производи и чаеви.  Инветсицијата беше проценета на над четири милиони евра, а бројот на работници требаше да надмине 150. Компанијата работеше нешто повеќе од две години. Потоа, со почетокот на руско –украинската криза нарачките беа откажани, сите обиди да бидат пронајдени нови клиенти беа неупсешни. Пропадна и обидите да биде најден нов партнер, па компанијата престана со производство.

Извори за Сител уште брифираат дека сите машини и опрема се уште се наоѓаат во халите во Бунарџик и можат да бидат предмет на извршување по налог на Агенцијата. На државата исто така и останува и можноста да си го врати назад земјиштето на кое е изградена халата илки да го даде на нов инветситор.

Основачот на Продис, „Протек груп“ е еден од најголемите фармацевтски холдинзи во Русија што се занимава со производство, дистрибуција и трговија со лекови и козметика. Вработува 12.000 луѓе и има годишен обрт од четири милијарди долари.