Русинка сакала да си го продаде бебето - Не знаела дека купецот е полицаец!
Полицаецо во рускиот град Владикавказ, во Северна Осетија, договорил средба со младата жена правејќи се дека е заинтересиран купувач, а целата средба ја снимал.
„И, која е цената? Дали е момче или девојче?“, се слуша на снимката како полицаецот ја прашува мајката.
„Момче е, за 150.000 рубли“, одговара жената, додека бебето, несвесно за ужасниот план на мајката, мирно спие.
Откако се договориле за условите на продажбата, а жената ги добила бараните пари, полицаецот ја уапсил, пишува Daily Mail.
„А, сега, сврти се кон камерата и дај ни мало интервју. Што е со тебе, не сакаш повеќе да зборуваш?“, ја прашал полицаецот.
Потоа, 25-годишната жена му одговорила низ солзи: „Мојот живот е тежок. Немав друг избор. Морав да го продадам синот, но сега го сакам назад“.
Таа рекла дека ѝ се потребни пари за да може да ја издржува најстарата ќерка која моментално живее со нејзината баба во соседниот град.
Инаку, оваа мајка се занимавала со проституција. Полицијата потоа го предала детето во локалното сиропиталиште.
Ново на Сител
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно со повремен дожд и посвежо, до 18 степени
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница