-->
-->
Русин го извршил нападот врз автобусот на Борусија (Д)
-->
Германското обвинителство соопшти дека е уапсен осомничениот за неодамнешниот бомбашки напад врз автобусот на фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд.
Рус со германско државјанство е осомничен за нападот врз автобусот кој фудбалерите на Борусија Дортмунд ги превезуваше од хотелот до стадионот. Германското обвинителство објави дека е уапсен 28-годишниот Сергеј В. Обвинителите се сомневаат дека тоа го направил од финансиски причини.
Истражителите на местото каде беа поставени експлозивните направи пронајдоа порака во која пишувало дека одговорноста за нападот ја презема Исламската држава, но набргу открија дека таа не е автентична.
Германските медиуми објавија дека Сергеј В. на денот на нападот бил во истиот хотел во кој биле сместени и фудбалерите и дека неговата соба гледала кон улицата, во која се случија експлозиите.
Во нападот кој беше извршен на 11.април, повредени беа фудбалерот на Борусија Марк Бартра и еден полицаец.
Според медиумите дека нападот, Сергеј В. го поради профит, односно сакал да предизвика пад на акциите на Борусија Дортмунд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок