Русија подготвена да посредува меѓу Израел и Палестинците
Русија изрази подготвеност да биде „фер посредник" меѓу Израел и Палестинците, и да ја преземе улогата која САД ја имаа со години.
Заменикот на рускиот амбасадор во ОН, Владимир Сафронков, ја понуди оваа улога на Русија во синоќешниот говор пред Советот за безбедност.
Тој претходно ја поддржа резолуцијата на која САД ставија вето, а со која се бараше американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече одлуката за прогласување на Ерусалим за главен град на Израел.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја отфрли можноста САД да бидат посредник по овој потег од Трамп.
Сафронов рече дека станува сè поважно да се оди „колку што е можно кон директни израелско-палестинските преговори". Преговорите предводени од САД доживеаа крах во април 2014 година и оттогаш се во застој.
Амбасадорот го повтори предлогот на Русија да се одржи самит на палестинските и израелските лидери, оценувајќи дека неговата земја е подготвена да биде фер посредник. Сафронов, исто така, го повтори повикот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, до Советот за безбедност да започне сеопфатно преиспитување на ситуацијата на Блискиот Исток.
САД вчера ставија вето на резолуцијата одобрена од страна на другите 14 членки на Советот за безбедност на ОН.
Ново на Сител
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност