Свет
11. November 2015 - 16:58

Русија ќе распореди регионален систем за противвоздушна одбрана во Ерменија

Русија планира да распореди интегриран регионален систем за противвоздушна одбрана во Ерменија, јави ТАСС.

Ерменија, која се граничи со Турција и со Грузија, која се стреми кон членство во НАТО, ќе раководи со системот, со помош на Русија.

Претходно денеска рускиот претседател Владимир Путин нареди да се потпише договор меѓу Русија и Ерменија за создавање на интегриран регионален систем на противвоздушна одбрана во Кавкаскиот регион, чија цел би била гарантирање на колективната безбедност.

Путин вчера повторно ја изрази загриженоста на Русија од планираната изградба на американскиот систем за противракетна одбрана во источна Европа.