Русија ја одбележува 100-годишнината од Октомвриската револуција
Русија денеска одбележува 100 години од Октомвриската Револуција, организирана од страна на Бољшевичката партија.
Руските власти најавија дека одбележувањето на револуцијата ќе биде скромно, со повеќе изложби и дискусии меѓу експертски групи, за разлика од минатото, кога овој настан се славеше со големи паради на Црвениот плоштад во Москва.
За денеска, е предвидено на Црвениот плоштад да има воена парада, но организирана во чест на битката за Москва во Втората светска војна, а не на Октомвриската револуција.
Комунистичката партија на Руската Федерација, која е втора по големина партија во земјата, планира собир на своите поддржувачи пред статуата на Карл Маркс во близината на Кремљ.
Претседателот Путин не учествуваше во досегашните настани одржани во спомен на револуцијата, вклучително ја проекцијата на 3Д снимки од нападот врз Зимскиот замок во Санкт Петерсбург.
Место на одбележување на револуцијата, Путин учествуваше во осветувањето на нова црква во Москва, за што изјави дека има симболичен ефект, имајќи го предвид прогонот на Православната црква во годините по револуцијата.
Минатиот месец Путин во говор изјави дека револуцијата имала негативни, како и позитивни ефекти, довела до милионски жртви, нарушување на државноста на Русија, и можела да се избегне со постепен, еволутивен развој на државата, наместо насилните промени кои ги донела.
Претходно, и портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, ги праша новинарите, „зошто би го славеле тој настан?“
Со Октомвриската револуција, која започна на 25 октомври 1917 година според стариот календар, беше соборена Привремената влада на Александар Керенски, која беше формирана да управува со државата по Февруарската револуција која доведе до абдикација на царот Николај Втори Романов.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација