Свет
11. December 2017 - 22:12

Русија и Кина почнаа заеднички воени вежби

Во Пекинг денеска почнаа шестдневни воени вежби на армиите на Кина и Русија насловени „Безбедност на воздушниот простор 2017“.

Министерството за одбрана на Кина соопшти дека тоа ќе ја зајакне воената соработка меѓу двете земји и ќе обезбеди стратешки распоред на силите во Пацификот.

Главната цел на вежбите е заедничко планирање на борбените операции во контекст на организирање противвоздушна одбрана, меѓусебна поддршка, како и одговор на лансирањето балистички ракети кои го прелетуваат небото над Русија и Кина.

Првите заеднички воени вежби „Безбедност на воздушниот простор 2016“ беа одржани во мај минатата година.