Тенис
20. October 2015 - 8:45

Русевски и Јотовски победници во двојки на МТП опен

Предраг Русевски и Томислав Јотовски триумфираа во игра на двојки на турнирот во организација на МТП. Во интересно и резултатски неизвесно финале тие ги победија Димитар Грабул и Стефан Мицов. 

Токму Грабул и Мицов поведоа со 1-0 во сетови, а потоа Русевски и Јотовски изедначија на 1-1. Во решавачкиот сет побеникот беше решен откако Русевски и Јотовски беа подобри со 10-5 на поени.
Претходно во поединечна конкуренција во финалето Грабул го победи Мицов со 2-0 во сетови и по третпат е најдобар на овој турнир.
Турнирот се одржува трета година по ред и оваа година наградниот фонд беше 6.000 евра.