Бизнис
25. September 2016 - 18:08

Рудникот Иловица ќе се гради насјовремени стандарди

Рудникот за бакар и злато кај Иловица ќе се гради по најсовремени стандарди во кој ќе бидат применети најмодерни технологии. Професорот Благој Голомеов од рударско геолошкиот факултет при универзитетот Гоце Делчев вели дека станува збор за модерна инвестиција која ќе претставува еден вид економска локомотива за подогражденскиот регион од која бенефит ќе имаат и многу помали фирми.

-Многу услужни дејности, многу помали фирми ќе имаат бенефит од оваа инвестиција. Исто така ќе се пласираат многу земјоделски производи сигурно. Се работи за високопродуктивна, високо доходовна инвестиција која ќе носи многу бенефит. Инаку се работи за модерна технологија која согласно европските директиви за најдобри практики во овој дел, во делот на рударството се применети, вели Благој Голомеов – професор на рударско геолошки факултет при УГД

 Според  професорот Голомеов кој беше дел и од јавните расправи поврзани со донесувањето на државната  урбанистичка планска документација за потребите на проектот , рудникот нема да има никакво негативно влијание врз животната средина.

-Импактот врз животната средина е скоро никаков бидејќи технологијата која е усвоена, проектот кој е направен предвидува навистина модерна технологија без никакво испуштање на било какви загадени води во околината, ќе се врши рециркулација на водата, вели Голомеов

Рудникот за бакар и злато кај Иловица и Штука треба да стартува со работа во 2017 година.  Вкупната инвестиција ќе изнесува околу 500 милиони американски долари, а предвидено е да вработи околу 500 лица. Изградбата на овој рудник е прва гринфилд инвестиција од ваков вид во Република Македонија.