Ф1
2. February 2017 - 22:06

Рудиќ повторно ги предводи Хрватите

Трофејниот тренер Ратко Рудиќ е повторно дел од хрватската ватерполо репрезентација.  Рудиќ во својата кариера со репрезентациите кои ги предводел има освоено четири златни олимписки медали и по три златни медали на Светски и Европски првенства.
- Со одлука на Управниот одбор на Ватерполо Сојузот на Хрватска (ВСХ) Рудиќ е повторно дел од стручниот совет на ВСХ, се вели во соопштението на Сојузот.
Рудиќ досега беше селектор на репрезентацијата на Бразил, а по Игрите во Рио заврши неговиот ангажман со „кариоките“. Рудиќ е единствениот селектор во екипните спортови, кој има четири олимписки златни медали со три различни репрезентации. Со Хрватска во период од осум години освои 10 медали.