Балкан
21. August 2017 - 21:43

РТК2: Српска листа ќе предводи три ресори во новата косовска Влада

Коалицијата на Демократската партија на Косово (ПДК) - Алијанса за иднината на Косово (ААК) и -Иницијатива, освен што ги обезбедија трите гласа на пратениците од Алијанса Ново Косово (АКР) (Беџет Пацоли, Ислам Пацоли и Лабинот Тахири) за постапката за ибзор на претседател на Собранието на Косово и за премиер може да смета и на гласовите на девет пратеници од Српска листа, пренесе РТК2.

Според извори на порталот Телеграфи, додека претходно Србите бараа позиција на потпретседател - која во моментов не постои, но за која планираат да добијат уставни промени - сега, како што се наведува , тие ќе добијат и три министерства.

Станува збор за Министерството за локална самоуправа, Министерството за заедници и враќање, како и Министерството за земјоделие, кои ги бараа пратениците на Иницијатива за Косово.