Ф1
15. November 2015 - 20:51

Розберг победи на трката за ГН на Бразил

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг беше најбрз на денешната трка од шампионатот во Формула 1 што се возеше за Големата награда на Бразил.

Розберг на патеката „Интерлагос“ во Сао Паоло ја забележа петтата победа оваа сезона и вкупно 13.та во неговата кариера.
Германецот зад себе ги остави клупскиот колега Луис Хамилтон кој беше втор, односно Себастијан Фетел од Ферари кој заврши како третопласиран.

Бодови уште освоија и: Кими Раиконен, Валтери Ботас, Нико Хулкенберг, Данил Квајт, Фелипе Маса, Роман Грожан и Макс Верстапен.

Со овој триумф Розберг гообезбеди второто место во Генералниот пласман и е веднаш зад шампионот Хамилтон.
Шампионатот завршува со трката за Големата награда на Абу Даби на 29 ноември.