Рот: Сакаме Македонија да биде успешна приказна и во 2018 година
Сакаме Македонија да биде успешна приказна и во 2018 година. Германија ја поддржува Македонија во исполнувањето на европските приоритети и заложби за интегрирање во ЕУ и НАТО, истакнал Михаел Рот, државен министер надлежен за Европа во германското Министерство за надворешни работи на денешната средба во Берлин со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.
Тој, како што соопшти МНР, изразил задоволство од досегашниот напредок на реформскиот процес и политиките на Владата во функција на заживувањето на македонските евроинтеграции и ја поздравил досегашната соработка со институциите на ЕУ во рамки на евроинтегративен процес на земјата.
На средбата, одржава во рамки на работната посета на Димитров на Германија, било изразено задоволство од добрите билатерални односи и новата динамика во политичкиот дијалог меѓу двете земји.
Министерот Димитров информирал за тековните активности и предвидената динамика за имплементација на реформите во насока на исполнување на неопходните критериуми за почеток на преговорите за членство на земјата во Европската Унија и влез во НАТО.
За време на работниот престој во Германија, министерот Димитров учествувал и на работилницата “Dialogue Series: Imagining New Paths for a Prosperious Macedonia; Euro-Atlantic Integration of Macedonia”, што се одржа во организација на Финдацијата Бергхоф, во Потсдам.
Ново на Сител
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна