-->
-->
Роналдо тврди дека не и должи ништо на Шпанија?!
-->
Португалецот преку соопштение преку агенцијата „Гестифуте“, објави дека минатат година заработил 227,3 милиони ера, откако беше обвинет дека споменатиот износ го префрлил во „даночниот рај“ на британските Девствени острови.
„Гестифуте“, чиј сопственик е менаџерот Жорж Мендеш, кој ги застапува правата на Роналдо, преку документ открива дека Португалецот не избегнувал плаќање данок, односно документот покажува дека надвор од Шпанија заработил 203,7 милиони евра, а во Шпанија заработката изнесувала 23,5 милиони евра.
„Фудбалерот повеќе нема да одговара на прашањата поврзани со оваа тема. Докажавме дека Роналдо и неговите застапници соработуваат со властите и работат според законот“, стои во соопштението на агенцијата.
Порталот Football Leaks објави дека Роналдо ги користел државите кои имаа пониски даноци за да присвои повеќе пари од мултинационалните компании со кои склучувал договори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците