Фудбал
23. јуни 2017 - 10:45

Роналдо не враќа 15 милиони во касата на Шпанија?!

Иако шпанските весници пишуваа дека Кристијано Роналдо на Шпанија ќе и врати 15 милиони евра долг за данок сепак од таборот Португалецот демантираат дека тоа ќе се случи во блиско време. 

Роналдо е обвинет дека затаил пари заработени од правата на ликот во 2011-14 година и ќе се појави пред шпанскиот суд на 31. јули.  Адвокатите на Кристијано наведуваат дека нема шанси да се платат 14.7 милиони евра на шпанската даночна служба додека не заврши судскиот процес.  На Португалецот му следи казна од 21 месец затвор и доколку биде осуден нема да ја отслужи бидејќи му е прв случај. Поради затајување на данок во Шпанија се процесуирани неколку фудбалски ѕвезди меѓу кои и Меси и Анхел ди Марија.