Фудбал
24. November 2017 - 12:29

Роналдо: Кој е тој Дембеле?!

Кристијано Роналдо наводно никогаш не слушнал за Осман Дембеле за чии услуги летово Барселона на Борусија Дортмунд ѝ плати 150 милиони евра.
 
Дембеле во Барселона дојде како замена за Нејмар, кој замина во ПСЖ, во моментот е повреден, а неговото враќање на терените во клубот го очекуваат за најмногу две недели.
 
Португалецот, како што тврди „Дијарио гол“, на соиграчите им рекол дека не е важно кој ќе дојде на местото на Нејмар.
 
„Сите тие доаѓаат да играат за Меси, така беше со Нејмар, така ќе биде и со новиот“, наводно им рекол Португалецот на соиграчите.
 
Изјавата на Кристијано Роналдо е малку чудна бидејќи тој минатата сезона играше против Дембеле кога Реал и Борусија се сретнаа во Лигата на шампионите.