Фудбал
17. October 2015 - 18:16

Роналдо донесе победа за Реал

Екипата на Реал Мадрид ја прекина серијата без победа во Шпанија и по две нерешени средби го совлада тимот на Леванте со 2-0. 

Централна фигура беше Роналдо кој му асистираше на Марсело за 1-0 а потоа и самиот постигна гол што е вкупно негов 12-ти на 9 средби во Примера . Со овој гол Роналдо е сам на врвот вечната листа на стрелци во славниот мадридски клуб.