Македонија
19. November 2017 - 21:07

Ромфеа.гр: Шизматската МПЦ подготвена да ја признае БПЦ за Мајка-црква

Популарниот грчки црковен сајт ромфеа.гр под наслов „Шизматската Македонска црква е подготвена да ја признае Бугарската патријаршија како своја Мајка-црква“, информира за писмото и барањето на МПЦ-ОА за евхаристиско единство со БПЦ со укажување дека тоа ќе предизвика реакции во грчкото општество и во грчката црква.

- Во писмото се говори за воспоставување евхаристиска заедница, но и за историска можност Бугарската патријаршија да биде Црква-мајка на т.н. македонска црква. Неодамна имаше официјални и неофицијални контакти меѓу претставници на БПЦ и на шизматската црква, пишува ромфеа.гр. 

Потсетува и на изјавата на поранешниот претседател на Бугарската академија на науките, академик Стефан Воденичаров, кој го повика буграскиот патријарх Неофит „да го преземе местото на духовен татко и да разбере дека е правилно да го поддржи народот во Македонија“. Сепак, како што се наведува во текстот, Светиот синод на Бугарската патријаршија, и покрај апелите и остварените контакти, се плаши да го направи првиот чекор.

- На крај треба да се одбележи и дека бугарскиот патријарх неколкупати официјално ги примаше „шизматиците“, а БПЦ слободно ги користи термините „Македонија и „Македонска црква“, се вели во написот на ромфеа.