Балкан
2. February 2017 - 17:39

Романската Влада нема да ја повлече уредбата за декриминализирање на одредени корупциски дела

Романскиот премиер Сорин Гриндеану изјави денеска дека Владата нема намера да ја повлече уредбата за декриминализирање на дел од корупциски дела. Поради усвојувањето на таа уредба во вторникот, во државата избија масовни демонстрации, најголеми од 1989 година.

Запрашан дали Кабинетот планира повлекување на нормативниот акт, , Гриндеану изјави: - Не, нема тоа да го направиме.