Балкан
8. February 2017 - 15:41

Романската Влада „го преживеа“ гласањето недоверба во Парламентот

Романската социјалдемократска Влада „го преживеа“ гласањето недоверба во Парламентот, што беше поднесно од десноцентристичката опозиција, пренесоа британските медиуми.

Пратениците и сенаторите од владеачката коалиција на Социјалдемократската партија и нивниот партнер Алијансата на либералите и демократите, како и од Демократската унија на Унгарците во Романија, се воздржаа од гласање.

Со гласањето недоверба требаше да се обезбедат 233 гласа за да може владата да биде соборена во Парламентот.