Балкан
24. July 2015 - 21:31

Романската православна црква повикува на молитви за дожд

Романската православна црква ги повика денеска свештениците и верниците да се молат за дожд, откако земјата ја зафатија огромни горештини со температури од 40 степени.

- Во период на суша, која сериозно им се заканува на земјоделските култури во земјата, со сериозни последици за животот на луѓето, Патријаршијата во Романија ги повикува свештениците и православните верници да ги зголемат молитвите за дожд. Верувајќи во милостивоста на Бога, се надеваме дека тој ќе одговори на нашите молитви, се наведува во соопштението на црквата.

Православната црква во Романија, која има околу 18 милиони следбеници или 86 отсто од целото население, е една од најпочитуваните институции во земјата.