Балкан
23. February 2017 - 14:01

Романската антикорупциска комисија испрати на суд 1.300 функционери

Националната дирекција за борба со корупција во Романија минатата година испратила 1.300 функционери на суд под обвинение за корупциски активности, со кои ја оштетиле државата со 260 милиони евра, изјави денеска шефот на комисијата, Лаура Кодруца Ковеши.

Меѓу лицата кои се дадени минатата година на суд поради корупција, има тројца министри, 17 пратеници и други високи функционери.

Минатиот месец Владата се обиде да изврши измени во законите со декриминализација на некои корупциски случаи. Тоа беше причина за големи протести, по што предлогот беше повлечен.