Македонија
20. јуни 2017 - 8:26

Романот „Доилката“ ќе биде претставен во Велес

Во Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес вечер ќе биде претставен романот „Доилката“ на Лилјана Пандева.

Романот е добитник на наградата за најдобро прозно остварување „Стале Попов“ за 2016 година на Друштвото на писателите на Македонија.

За романот, пред велешката читачелска публика, ќе зборува проф.д-р Кристина Николовска.