Балкан
19. August 2017 - 9:23

Романија преговара за купување американски ракетни системи во вредност од 1,25 милијарди долари

Американскиот Стејт департмент ја одобрил продажбата на мобилни ракетни системи за Романија во вредност од 1,25 милијарда долари, информира службата за соработка во одбраната и безбедноста на Пентагон, цитирана од британските медиуми.

Службата го информирала Конгресот за договорот со Романија, што е можно да биде склучен уште оваа недела.

„Локид Мартин“ е главниот контрактор во договорот.

Романија побарала 54 високомобилни артилериски ракетни системи „HIMARS“ и соодветната опрема за нив, се додава во соопштението на службата.