Фудбал
20. October 2017 - 21:16

Рома ја чека казна од УЕФА за расистички навреди кон Матијас Рудигер

 Италијанскиот калчо  лигаш Рома, ја очекува казна од УЕФА поради расистичко навивање за време на мечот против Челзи на гостувањето во Лондон, а во рамките од Лигата на шампионите. 
 
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Рома, бидејќи од делот на стадионот каде се наоѓаа италијанските навивачи, а во моментот кога не теренот се појави Матијас Рудигер се слушале неделични (мајмунски) крици упатени на адреса на германскиот репрезентативец. 
 
Рома ја очекува казна за расистичко навивање упатено на сметка на поранешниот член на римскиот клуб кој во Лондон допатува од Рим за сума од 35 милиони евра. 
 
Одлуката за висината на казната за Ром, дисциплинското тело УЕФА ќе се изрече на 16 ноември.