Тенис
18. May 2016 - 8:54

Ролан Гарос: Вознијачки нема да игра во Париз

Данската тенисерка Каролина Вознијацки се повлече од Грен слемот Ролан Гарос кој в недела почнува во Париз.
 
Таа има проблем со повреда на стапалото на десната нога веќе неколку недели и не е во можност да се подготви за силниот турнир.
 
Вознијацки се повреди пред нецел месец за време на тренинг пред турнирот во Истанбул. Беше оптимист дека брзо ќе закрепне и ќе биде подготвена за Париз, но не испадна така, бидејќи се покажа дека повредата е од посериозен карактер.
 
Пропуштените турнири во меѓувреме, во Рим и во Мадрид ја чинеа пад на 34.место на ВТА ранг листата, а извесно е дека ја чека уште назадување по завршувањето на вториот Грен слем за оваа година.