Македонија
11. September 2017 - 16:30

Рокот за пријавување истекува во четврток на полноќ, а голем број кандидати за градоначалници непознат

Актуелниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски не ја доби поддршката од партиското раководство за нов четврти мандат. Социјал демократите на локалните избори во најголемата општина во Македонија власта ќе ја освојуваат со Максим Димитриевски, актуелен пратеник во Собранието.

Тој беше и поранешен советник во кулановскиот општински совет.

Димитривески неговиот избор за кандидат го потврди на својот фејсбук профил, посочувајќи дека ќе ја оправда укажаната доверба.

Против канидат на Димитриевски е хирургот Зоран Ѓоргиевски кои беше кандидат на ВМРО ДПМНЕ и на претходните избори во 2013 година.

Иако официјално СДСМ ги нема потврдено, сепак неопфицијално познати се уште две градоначалнички кандидатури. 

СДСМ одлучи во Прилеп на Марјан Ристески да му се спротивстави со Илија Јованоски, директорот на градската болница.

Кандидат на СДСМ за Крива Паланка пак ќе биде Борјанчо Мицевски. Во оваа општина ВМРО ДПМНЕ се уште не го официјализирала името на својот градоначалнички кадидат.

Горан Трајковски, советник во општина Делчево, најверојтно е кандидатот на СДСМ за оваа општина.

До крајниот рок за поднесување кандидатури им а уште три дена. Засега најголема неизвеснот се имињата за општина Центар, каде Андреј Жерновски ги собра потписите за независна кандидатура, но се уште не ја официјализирал, очекувајќи ја поддршката од СДСМ.

Непознатѕи остануваат и најголемј дел од имињата на канидати за скопските општини од ВМРО ДПМНЕ. Покрај официјализираните Ивица Коневски за Аеродром и Владо Мисајловски за Ѓорче Петров, неофицијално во трката за локалната власт во Карпош ќе влезе Стевчо Јакимовски, во Бител Боби Бојчевски, Гази Баба Тони Трајковски.

Кај албанскиоит политички блок пак, покрај официјалнмите кандидатури на Зијдадин Села за Струга и Абрен Таравари за Гостивар, трите албански партии во Кичево најверојатно ќе го поддржат Фатмир Дехари од ДУИ.

ДУИ во Тетово повторно ќе ја кандидира Теута Арифи, во Гостивар  Невзат Бејта, а во Чаир Висар Ганиу.

Движење Беса во Тетово ќе оди Билал Касами, во Чаир со Зеќирја Ибрахими.