Свет
17. January 2017 - 19:09

Рохани: Нема шанси за нови преговори за нуклеарната спогодба

Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека нема шанси Иран повторно да преговара за нуклеарната спогодба со светските сили, доколку новоибраниот претседател на САД, Доналд Трамп тоа го побара.

- Нуклеарната спогодба е готова, ја одобри Советот за безбедност на Обединетите нации и стана меѓународен документ. Тоа е повеќестран договор и нема смисла за него повторно да се преговара, рече Рохани на прес-конференција.

Трамп за време на предизборната кампања ја критикуваше нуклеарната спогодба меѓу Иран и САД, Кина, Русија, Велика Британија, Франција и Германија, која е потпишана во 2015 година.